Дипломатско хуманитарен турнир

   (јуни 2005 г.)

 

 

      Специјалната Олимпијада - Македонија во соработка со Фудбалската Федерација на Македонија, МНР на РМ и амбасадите на САД, Русија, Италија, Турција, Велика Британија, како и НАТО и ОБСЕ, во периодот од 5 мај до 1 јуни, организира и реализира серија фудбалски натпревари помеѓу екипи, составени од дипломати од наведените амбасади, МНР и МО.

 

      Финалниот хуманитарен турнир се одржа на 4 јуни (сабота), во спортската сала Расадник - Кисела Вода. На овој турнир покрај финалните натпревари за прво и трето место, се одигра и ревијален натпревар помеѓу репрезентациите на СО Македонија и Дипломатскиот кор. Репрезентацијата на СО Македонија се закити со медал откако успеа 8 пати да ја затресе мрежата на противникот.

 

      Овој турнир беше збогатен и со забавна програма во која учество зедоа атлети од СОМ клубовите од Македонија (Демир Капија, Неготино итн.) и Дејан Попов - музичкиот амбасадор на СОМ.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.