Атлетско фудбалски митинг

   (мај 2005 г.)

 

 

      Врз база на годишната програма на СОМ, зацртаните заложби за активно вклучување на други спортови, ширење на СОМ мрежата низ Македонија и правилно и рамноправно промовирање на нашите заеднички заложби во локалните заедници, на крајот на месец мај се реализира уште една голема спортска манифестација, во организација на СО Македонија, а главен координатор и соорга-низатор беше СОМ Клубот при ПОУ “Маца Овчарова” од Велес.

 

      Големиот атлетско-фудбалски митинг се одржа на 25 мај на Градскиот стадион во Велес. Околу 220 атлети од 16 СОМ клубови од Републиката, ги покажаа своите способности и се натпреваруваа во фудбал и неколку атлетски дисциплини. Од посебно значење е тоа што истовремено се одвиваа натпревари на четири спортски терени согласно со националните и интернационалните стандарди.

 

      Реализирајќи го овој прекрасен настан со преку 400 партиципиенти, уште еднаш ја запознавме македонската јавност со мисијата на Специјалната Олимпијада - среќни и задоволни лица на многу атлети, забава, социјализација и интеграција на атлетите/лицата со посебни потреби заедно со волонтерите, познати естрадни уметници, јавни и медиумски личности.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.