Игри “Образование преку спорт” на СО Грција - Родос

   (мај 2004 г.)

 

 

      Македонија за првпат учествуваше со комбиниран тим (Mixed-Unified) во нова спортска дисциплина - кошарка - на еден голем меѓународен настан. Посебен акцент дадовме на обука и учество на атлети со потешки и комбинирани  пречки во интелектуалниот развој.

 

      Со вклучување на овој релативно нов, т.е. незастапен спорт на нашиве простори, се приклучуваме кон европската интенција за промовирање на кошарката како еден од водечките спортови на глобално ниво. Во таа насока беше и потпишувањето на посебни документи (Прокламација и Декларација) на СО (со примена на национално ниво) со ФИБА Европа и Академијата на Меѓународниот Олимписки Комитет.

 

      Игрите и фестивалот, реализирани по повод одбележувањето на 15-годишнината од постоењето на СО Грција,  се одржаа во периодот од 14-21 мај 2004 година на островот Родос. На овие фестивалски игри  спортски натпревари се одржуваа во неколку спортски дисциплини: фудбал, пливање, кошарка, велосипедизам. Нашата репрезентација на СОМ за првпат се натпреваруваше во кошарка како мешана (unified) екипа.

 

      На наше задоволство и Република Македонија имаше свој претставник на овие Игри на кои учество зедоа преку 40 земји од целиот свет. Делегацијата на СО Македонија, која ја претставуваше нашата Република, ја сочинуваа 13 лица, од кои: 8 атлети (4 машки и  4 женски), 2 тренери, 2 членови на фамилии и 1 водач на делегацијата. Репрезентацијата освои четврто место во конкуренција од осум екипи и освои злато за фер игра, што е особено значајно за нас, затоа што бевме прогласени за екипа којашто најправилно играше и ги спроведуваше зацртаните правила и принципи на Специјалната Олимпијада.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.