Европско првенство во фудбал - Луксембург

   (мај 2004 г.)

 

 

      На крајот од мај-почетокот на јуни 2004 година, во Лукесембург се одржа Европско првенство во фудбал, организирано и реализирано по новите, 7-a-side правила на УЕФА. Се играше со седум играчи во поле, а натпреварите беа во машка и женска конкуренција. Специјалната Олимпијада Македонија учествуваше со две екипи, во обете конкуренции. На турнирот имаше пријавено вкупно 27 екипи од цела Европа.

 

      По завршувањето на квалификационите натпревари, во финалето се сретнавме со екипата на Полска, натпревар кој заврши 3 : 0 во полза на Македонија, станувајќи Европски првак. Женската екипа, исто така, го освои првото место, но во втората дивизија по способности.

 

      По сето ова Македонија, за првпат во својата историја, добива Европски прваци во фудбал што е успех кој ги докажува несомнените предиспозиции на атлетите, квалитетот на водените тренинзи, како и стручната работа на целиот тим на СОМ.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.