Европска недела во фудбалот

   (мај 2004 г.)

 

 

      Со особено задоволство сакаме да истакнеме дека во месец мај и нашата земја беше вклучена во реализацијата на пан-европската манифестацијата “Европската недела на фудбалот” во која се вклучени околу 40-тина земји и скоро 20.000 спортисти. Во нејзините рамки се одржуваа различни настани, натпревари, турнири и обука.

 

      Официјално, европската фудбалската недела отпочна на 4 ти мај 2004 г. со одигрување на поединечни натпревари помеѓу екипи од СОМ. Оваа година, по вторпат, се одржа и еден посебен, голем национален фудбалски турнир, на 8 мај 2004 г. на Спортскиот центар “ЦД КЛУБ МАКИ” (под Кале) во Скопје.

 

      На овој турнир учество зедоа околу 50 фудбалски екипи од цела Македонија, со повеќе од 400 атлети-спортисти на СО Македонија, како и други спортисти. Покрај нив, учествуваа и голем број експерти, стручни лица, волонтери, членови на фамилии и друг помошен персонал.

 

      Фудбалската недела продолжи и по заедничкиот турнир и траеше до крајот на  месец мај.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.