Први национални зимски игри на СОМ - Попова Шапка

   (февруари 2004 г.)

 

 

      На падините на преубавата Шара, за првпат се случи и еден сосема нов, комплексен настан, зимски специјални олимписки игри фокусирани кон лицата со интелектуална попреченост и други пречки во развојот. Ова е посебно важно поради фактот што за многумина ова беше и де-факто прва средба со снег, планина и зимски спортови. Повеќе од 100 атлети (од преку 230 учесници) ги покажаа своите способности во нордиски и алпски дисциплини, секако, во рамките на можностите и способностите.

 

      Првите Национални зимски игри на Спецјалната Олимпијада Македонија, покрај спортските и натпреварувачки елементи, внесоа и покажаа многу суштински елементи во неколку насоки: на социјално поле, на културно-забавно поле, а и на образовно. Сето тоа, преку спорт и забава, доведува до реализација на зацртаните заложби за правилна инклузија на овие наши сограѓани, давајќи им соодветен простор да ги искажат своите потенцијали, таленти и способности.

 

       Дека Игрите се од огромно значење и важност за македонското општество, организирани на високо хумано и професионално ниво од страна на Специјалната Олимпијада Македонија, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт при Владата на РМ, претставувана од Директорот - Ѓорѓи Трајчев, покажува и податокот дека огромна чест и призаниние на сите лица вклучени во оваа манифестација, со своето присуство им оддадоа голем број на високи државни и меѓународни претставници. На посебно место треба да се истакне присуството на Претседателот Борис Трајковски. Покрај големиот број владини функционери, Градоначалникот на Тетово - Муртезан Исмаили, претставници на дипломатскиот кор во РМ, меѓу кои Амбасадорот на САД - Лоренс Батлер, Амбасадорот на Норвешка - Даг Халворсен, Првиот секретар на Амбасадата на Велика Британија, претставник на Амбасадата на СР Германија, претставници на ЕУ и ОБСЕ и многу други поддржувачи и помагачи оваа, по многу нешта уникатна и исклучителна манифестација, привлече многу гледачи и беше  проследена со огромна медиумска поддршка.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.