|
Први
денови на СО Македонија
(25 - 26
декември 2003
г.)

На крајот на годината, на 25 и 26
декември 2003 год, ги одбележавме Првите
денови на СО Македонија,
комбинација на спортски со социјално-културно-забавни
активности. Во спортскиот дел, на
терените на Воениот спортски центар
во паркот во Скопје, учествуваа
поединци и екипи од цела
Македонија (Скопје, Демир Капија,
Битола, Велес, Штип, Куманово, Прилеп,Охрид
итн.), натпреварувајќи се во 4
дисциплини и тоа: фудбал, атлетика,
пинг-понг и кошарка.
Истиот ден, Деновите
на Специјалната Олимпијада
Македонија беа збогатени и со една
поширока културно-забавна програма,
обединувајќи го и истакнувајќи ја
важноста на социјалниот - инклузивен
дел. Во просториите на Домот на АРМ
имаше дружење, изложби на дела и
ракотворби, мали креативни
работилници, разни перформанси и
презентации, а сето тоа беше
заокружено со една забава на која
пееа и учествуваа наши членови, групи
и поединци од цела Македонија, како и
наши познати
лица од естрадата (Маја Гроздановска-Панчева,
Калиопи, Брејк, Бени, Мама Бенд итн.).
Следниот ден, под покровителство на
МОБИМАК, на терените на Воениот
спортски центар во паркот во Скопје,
имаше спортско-забавни активности од мешан карактер, т.е. заднички
екипи составени од членови на СО
Македонија, волонтери, естрадни
ѕвезди, лица од јавниот живот и,
секако, МОБИМАК. Наедно, на
најуспешните им беа доделени и
соодветни награди.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|
|