Летни светски олимписки игри на СО - Даблин, Ирска

   (јуни 2003 г.)

 

 

      Репрезентацијата на СО Македонија за првпат учествуваше на еден ваков голем настан - Летните светски олимписки игри, 11ти по ред, кои што, исто така за првпат, се одржаа надвор од американскиот континент, во Даблин, Ирска во периодот од 16 - 29 јуни 2003 г.

 

      На овие игри учество зедоа 170 земји од целиот свет со преку 7000 спортисти со ментален хендикеп. Делегацијата на СО Македонија ја сочинуваа 7 члена и тоа: 4 спортисти, тренер, потпретседателот за спорт на СОМ и националниот директор на СОМ.

 

      Нашите спортисти се натпреваруваа  само во една дисциплина - атлетика, во која покажувајќи ги своите способности, и покрај големата конкуренција, постигнаа извонредни резултати. Екипата на СО Македонија од Даблин се врати со 5 олимписки медали, од кои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен. Но сепак, највредниот резултат беше чувството за припадност на едно огромно, со длабоки благородни чувства, семејство!

 

      Ова е навистина голем успех и радост за СО Македонија и воопшто за целата држава.

 

 

  < претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.