Европска недела во фудбалот

   (април 2003 г.)

 

 

      Меѓу позначајните настани предвидени и опфатени со веќе претходно утврдената годишнита програма на активности на СО Македонија, беа натпреварите и турнири во рамките на одбележувањето на Европската недела во фудбал. Во периодот од 22 до 26 април 2003 г. се одигруваа фудбалски натпревари и помали турнири во повеќе градови на Македонија.

 

        Најголемата манифестација беше Големиот финален фудбалски турнир, организиран за првпат во нашата држава, а се одржа на 26 април 2003 г. на Спортскиот центар ЦД КЛУБ МАКИ во Скопје. Учество зедоа 24 екипи од цела Македонија (16 машки, 4 женски и 4 мешани), со вкупно преку 160 атлети - спортисти, како и голем број волонтери, експерти и други стручни лица.

 

      Спортскиот дел беше збогатен и со забавна програма, во која беа вклучени видни личности од естрадата, пејачи, артисти и танчери (Елена и Александра Пилева од М2 продукцијата, Бени и Нон-стоп, Мама бенд и Биба Додева.

 

 

галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.