Први национални Специјални Олимписки Игри - Пирот, Србија

   (јуни 2005 г.)

 

 

      Во периодот помеѓу 24 - 27 јуни 2006 г. се одржаа Првите Национални Специјални Олимписки Игри на Специјалната Олимпијада Србија. На овие игри беа учество земаа 10 делегации од различни градови од СиЦГ, и делегација на СО Македонија и СО Бугарија.

 

      На  Игрите се одвиваа спортски натпревари во четири дисциплини, и тоа: кошарка, фудбал, пинг понг и атлетика. Спортистите на СО Македонија се натпреваруваа во сите спортови и постигнаа значителни резултати, и тоа: сребрен медал во фудбал, сребрен медал во  кошарка и еден бронзен медал во атлетика. Ова е голем успех за нашите спортисти земајќи предвид дека скоро сите спортисти од нашата делегација беа со умерено и потешко ниво на способности.

 

      Исто така, уште еден голем успех за СО Македонија е и тоа што не само што нашиот национален програм беше посочуван како пример на Балканот  во однос на организацијата на вакви и слични настани туку и дел од нашиата делегација активно беше вклучен во техничко - организациониот сегмент за време на реализацијата на Игрите на СО Србија.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.