Дипломатско хуманитарен турнир

   (јуни 2005 г.)

 

 

      Министерството за надворешни работи заедно со амбасадите од Скопје, а во соработка со Специјалната Олимпијада Македонија го организираше вториот по ред Дипломатско-хуманитарен турнир. Од посебно значење е што оваа година атлетите и дел од стручниот тим активно учествуваа во целокупната организација и реализација на овој турнир, атлетите како спаринг партнери во контролни натпревари, а стручниот тим во тех-административниот сегмент.

 

      Во периодот март-јуни се одиграа голем број на меѓусебни квалификациони натпревари, за потоа да се случи и завршниот финален турнир, што се одржа на  09 јуни  2006 г. на Градскиот стадион во Скопје. Помеѓу финалните натпревари, се одигра ревијален натпревар помеѓу UNIFIED® Репрезентацијата на СО Македонија составена од атлети од СКопје, Куманово, Велес и екипата Diplomatics All Stars, составена од претставници од сите Амбасади и МНР, кој заврши  со резултат 5:3 и убедлива победа на Репрезентацијата на СО Македонија.

 

      Беше извонредно да се набљудува овој натпревар, а посебно тимската игра на нашите атлети. На крај, на турнирот на репрезентацијата на СО Македонија и беше врачена награда за учество на турнирот и поддршка во целокупната организација.

 

      После ова сите заедно се упатија на организираното следење на отворањето на светското првенство во фудбал, со што атлетите имаа можност во една поопуштена атмосфера да се дружат со претставници од дипломатскиот кор и други видни личности.  

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.