Хуманитарнa изложба на Миро Масин • ТЦ „РАМСТОР“

   (февруари 2007 г.)

 

       Во рамките на прекрасниот и комплексен проект • Хуманитарно-Донаторската Акција - ТЦ „РАМСТОР“ • што СО Македонија започна да го реализира од крајот на септември 2006 година, покрај бројните содржини од најразличен карактер, посебно место зазема изложбата на донирани слики од нашиот познат сликар, Мирослав Масин. Ова изложба, отворена на 1 февруари 2007 година, уште еднаш ги потврди високо поставените стандарди од страна на организаторите од СО Македонија, на кои доброволно и безрезервно им се приклучи и Масин.

 

     Со ова, и Масин го даде својот личен придонес во практичната примена на моделот на СО Македонија за правилна интеграција и социјализација на нашите членови-спортисти. Секако, со тоа и директно ги помнага напорите на организацијата за обезбедување средства наменети за реализација на планираните годишни програмски активности, проекти, турнири и игри.

Меѓутоа, покрај ова, секако една од најважните цели, посебно што се однесува на долгорочен плани и влијание е подигнувањето на јавната свест кај граѓаните за нивни похуман и поактивен удел во животот и активностите на лицата со посебни потреби.

ма и сл.), како и прославувани беа родендени на нашите спортисти. На овој начин, не само што лицата со посебни потреби имаат можност да запонзаат, да се забавуваат и да се дружат со овие познати личности, туку и меѓусебно алтивно да се зближуваат, а со тоа да ги рушат и надминуваат традиционално поставените догми и бариери. Секако, во тоа им помагаат многубројните граѓањни и посетители коишто секогаш во голем број се присутни на нашите забави, давајѓи им/ни ја неопходната поддршка, енергија и мотивација да истраеме во реализацијата на нашите благородни и хумани опредлеби, програм и заложби.

      Покрај сите овие многубројни активности, во рамките на овој комплексен проект се реализира уште еден под-проект, т.е. ART-STREET. Целта на овој мини проект е директно и практично запознавање на лицата со посебни потреби со уметноста и културата. Имено, на ХД катче се изложени разни дела: книги од ИК „КУЛТУРА“ и ИК „МАГОР“ од Скопје, како и разни книги донирани од граѓаните на Република Македонија, потоа уметнички дела на Алмир, Филип Кондовски, Катерина Ристова, Внјамин Хаџи-Наумов, Александра Хаџи-Наумова, како и многу други дела од различни уметници кои се донирани од страна на граѓанството на Република Македонија.

      Во реализацијата и артикулирањето на овој комплексен проект, активно учество земаат подеднакво сите медиуми кои соодветно известуваат за сето она што секојдневно/неделно се случува, но сепак, посебно мораме да го издвоиме огромниот придонес што за сето ова ни го дава најгледаниот медиум во Македонија - А1 Телевизијата, предводена од екипата на „Рано.Ден...“, контактната програма која секојдневно се имитира на А1-ТВ, а во чиишто рамки, СО Македонија има свој значаен удел. Имено, секој понеделник, од 7.35-7.55 часот, СО Македонија има „своја“ емисија, т.е. свој медиумски простор преку кој ги претставуваа сите овие активности, помагачи, ѕвезди, јавни личности, донатори, поддржувачи и обични граѓани.

     Користиоме прилика посебно се заблагодаруваме на менаџментот на ТЦ „РАМСТОР“ за отстапениот простор и за разбирањето на нашите потреби и определби; на А1-ТВ за вештото и континуирано медиумско „покривање“ на овој настан, како и насите сите кои што го дадоа својот придонес за успешна реализација на овој проект: СисКон, Siemens, Lions Clubs Macedonia, ФЕНИ Индустриес, ресторан „Џино“, „Кожувчанка“, Време, Шпиц, Вечер, Дневник, Утрински Весник, Канал 5, Сител, Граѓански свет, Семеен Магазин,  Антена-5, Спортското Радио, Macedonia-On-Line и сите други.

      Исто така, им се заблагодаруваме на Фондацијата „Т-Мобиле за Македонија“ и отстапениот борј за донации 070-143-404, како и на сите граѓани на Република Македонија кои ни донираа преку бројот за донации.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ

 

   

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.