Хуманитарно-Донаторска Акција - ТЦ „РАМСТОР“

   (септември • декември 2006 г.)

 

       Мисијата и целта на Специјалната Олимпијада - Македонија е правилна интеграција и социјализација на лицата со посебни потреби преку спорт/спортски активности. Меѓутоа, покрај обезбедувањето и реализацијата на соодветните спортски активности, нашата цел и мисија ја реализираме и остваруваме и преку многу други анктивности од различен карактер; од образовен, социјален, културно-забавен, уметнички, рекреативен итн....

      Една таква активност е прекрасниот и комплексен проект • Хуманитарно-Донаторската Акција - ТЦ „РАМСТОР“ • што СО Македонија започна да го реализира од крајот на септември 2006 година, а кој се уште трае. СО Македонија има свој павиљон, односно Хуманитарно-донаторски катче во ТЦ „Рамстор“ во Скопје, а кој е дел оd огромниот светски гигант - KOÇ HOLDING. Овој комплексен проект има неколку цели: директно запознавање на граѓаните со нашите спортисти - лица со интелектуална попреченост, претставување на граѓаните и нивно запознавање со програмските определби, заложби и филозофијата на Специјалната Олимпијада и практичната примена на мисисјата, практичен пример за правилна интеграција и социјализација на нашите членови-спортисти, како и обид за обезбедување на средства наменети за реализација на планираните годишни програмски активности, проекти, турнири и игри. Меѓутоа, покрај ова, секако една од најважните цели, посебно што се однесува на долгорочен плани и влијание е подигнувањето на јавната свест кај граѓаните за нивни похуман и поактивен удел во животот и активностите на лицата со посебни потреби.

      Во Хуманитарно-Донаторското катче лицата со посебни потреби, всушност лицата со специјални способности, ги изложуваат своите ракотворби (обетки, ланчиња, алки, цртежи и други ракотворби и дребулии), а уште позначајно е тоа што овие нивни ракотворби ги изработуваат на „лице-место“, во рамките на самото катче. Во изработката овие ракотворби, на овие лица им помагаат голем број на волонтери, а што е уште позначајно, ним секојдноевно им се приклучуваат и учествуваат во изработката на ракотворбите и деца од неколку Основни училишта, заеднички изработувајки вистински мајсторски ремек-дела.

       Во рамките на оваа Хумантирано-Донаторска Акција, традиционално секој четврток се организираат мини перформарски со учество на познати естрадни ѕвезди, уметници, артсти од опера, театар и многу други јавни познати личности. Меѓу долгата листа на учесници беа Јасмина Чакар и Христо Арсов, етно групата „Монистра“, Тони Шоу, Горан и Кристина, групата „Плус-Минус“, Лени, Дени, Искра Трпева, Ноне, Нора, Бени и многу други. Секако, посебен акцент на сето ова му даваше нашиот Амбасадорот за музика на СОМ, Дејан Попов, а сето тоа вешто го водеше и ја зближување публиката со нашите спортисти, ѕвездата на сите деца - Нора. При ваквите перофрманси, многу често на лице место се изведуваа и многу други активности од културен и уметнички карактер (поезија, цртање, глума и сл.), како и прославувани беа родендени на нашите спортисти. На овој начин, не само што лицата со посебни потреби имаат можност да запонзаат, да се забавуваат и да се дружат со овие познати личности, туку и меѓусебно алтивно да се зближуваат, а со тоа да ги рушат и надминуваат традиционално поставените догми и бариери. Секако, во тоа им помагаат многубројните граѓањни и посетители коишто секогаш во голем број се присутни на нашите забави, давајѓи им/ни ја неопходната поддршка, енергија и мотивација да истраеме во реализацијата на нашите благородни и хумани опредлеби, програм и заложби.

      Покрај сите овие многубројни активности, во рамките на овој комплексен проект се реализира уште еден под-проект, т.е. ART-STREET. Целта на овој мини проект е директно и практично запознавање на лицата со посебни потреби со уметноста и културата. Имено, на ХД катче се изложени разни дела: книги од ИК „КУЛТУРА“ и ИК „МАГОР“ од Скопје, како и разни книги донирани од граѓаните на Република Македонија, потоа уметнички дела на Алмир, Филип Кондовски, Катерина Ристова, Внјамин Хаџи-Наумов, Александра Хаџи-Наумова, како и многу други дела од различни уметници кои се донирани од страна на граѓанството на Република Македонија.

      Во реализацијата и артикулирањето на овој комплексен проект, активно учество земаат подеднакво сите медиуми кои соодветно известуваат за сето она што секојдневно/неделно се случува, но сепак, посебно мораме да го издвоиме огромниот придонес што за сето ова ни го дава најгледаниот медиум во Македонија - А1 Телевизијата, предводена од екипата на „Рано.Ден...“, контактната програма која секојдневно се имитира на А1-ТВ, а во чиишто рамки, СО Македонија има свој значаен удел. Имено, секој понеделник, од 7.35-7.55 часот, СО Македонија има „своја“ емисија, т.е. свој медиумски простор преку кој ги претставуваа сите овие активности, помагачи, ѕвезди, јавни личности, донатори, поддржувачи и обични граѓани.

     Користиоме прилика посебно се заблагодаруваме на менаџментот на ТЦ „РАМСТОР“ за отстапениот простор и за разбирањето на нашите потреби и определби; на А1-ТВ за вештото и континуирано медиумско „покривање“ на овој настан, како и насите сите кои што го дадоа својот придонес за успешна реализација на овој проект: СисКон, Siemens, Lions Clubs Macedonia, ФЕНИ Индустриес, ресторан „Џино“, „Кожувчанка“, Време, Шпиц, Вечер, Дневник, Утрински Весник, Канал 5, Сител, Граѓански свет, Семеен Магазин,  Антена-5, Спортското Радио, Macedonia-On-Line и сите други.

      Исто така, им се заблагодаруваме на Фондацијата „Т-Мобиле за Македонија“ и отстапениот борј за донации 070-143-404, како и на сите граѓани на Република Македонија кои ни донираа преку бројот за донации.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ

 

   

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.