|  |     
            Втори
            денови на СОМ   
            (декември
            2004
            г.)           Во
            рамките на одбележувањето на
            двегодишнината од основањето на
            Специјалната Олимпијада - Македонија,
            беа реализирани повеќе програмски
            содржини. Секако, националниот
            кошаркарски турнир беше во центарот
            на вниманието
            на сите членови
            на СО Македонија, но не изостанаа и
            дружењата, музиката, креативните
            работилници, забавата и, пред се,
            ширење на пријателствата
             и
            социјализацијата. Во свечена
            атмосфтера беа
            потпишани и повеќе документи за
            формална соработка помеѓу СО
            Македонија и МОК, КФМ и ФФК.  
            
                  
            Посебна радост за сите атлети и
            пријатели на Специјалната
            Олимпијада - Македонија беше
            новогодишниот караван низ
            Републиката со доделување на
            новогодишни пакетчиња (околу 2.000),
            реализиран со огромна помош на
            Фондацијата МобиМак за Македонија.
                 <
            претходен настан 
            |  галерија  |  нареден
            настан > |  |