Благодарност

 

      На сите оние коишто безрезервно нè поттикнуваа, ни даваа поддршка и помош, веруваа во нас и во моделот што го применуваме, го користиме поводот искрено да им се заблагодариме со ветување дека ние и понатаму ќе настојуваме тој сé повеќе да се развива и имплементира. 

 

 

   Ние за Вас - заедно за Атлетите

 

      Како благодарност за Вашата несебична помош, СОМ од своја страна максимално ќе се залага за континуирана промоција на Вашата ценета организација, ќе учествува и ќе Ве поддржува во секаков вид на медиумска презентираност и соодветни кампањи, на сите натпреварувања, турнири и игри од национален и меѓународен карактер, на разни места, а во согласност со статутарните одредби на СО, на видно место ќе бидат истакнувани Вашите соодветни амблеми и логоа.

 

      Очекуваме дека ова ќе биде почеток на една убава и долгорочна соработка со Вас. Се надеваме дека оваа соработка ќе се развива и проширува, реализирајќи нови проекти и донесувајќи им на многу лица разни задоволства, насмевки и отворање на нови животни хоризонти.

 

 

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.